Јусуфи потпиша за ерменски Ширак

Поранешниот фудбалер на Ренова, Фатјон Јусуфи кариерата ќе ја продолжи во ерменскиот прволигаш Ширак.

23-годишниот фудбалер од средниот ред се договори за трансфер во Ширак потпишувајќи едногодишен договор, откако претходно беше блиску и до преселба во Партизан Тирана.

Во Ширак настапува и Буњамин Шабани, поранешниот фудбалер на Ренова и Шкупи.

Се вчитува...