Јусуфи, прво засилување за Шкупи

Раководството на Шкупи по објавата за прекин на соработката со петмина актуелни фудбалери, денеска го официјализираше и своето прво засилување за претстојната сезона. Станува збор за 23-годишниот Фатон Јусуфи, кој пристигнува од редовите на Ренова.

За мене е голема чест пто ќе го облечам дресот на еден легендарен клуб како Шкупи. Стилот на игра на новиот клуб многу ми се допаѓа, исто како и проектот на управата. Се надевам дека и во дресот на Шкупи ќе ги продолжам успесите од минатите сезони“ – истакна Јусуфи по потписот на едногодишинот договор со Шкупи.

Станува збор за играч кој настапува како лево крило, а по потреба може да се пресели и на десната трана во тимот. Покрај за Ренова, тој во својата кариера има настапувано и за Партизан Тирана во Албанија и за Ширак во Ерменија.

Се вчитува...