Јута Џез имаа катастрофална сезона завршувајќи го регуларниот дел од НБА лигата со најлош учиник од само 17 победи и 65 порази. Ни тоа не беше доволно за оваа франшиза да стигне до првиот пик на овогодинешниот драфт па сега се најавуваат уште подрастични промени.
Една од нив е заминувањето на Лаури Марканен, финскиот репрезентативец кој е најголемата ѕвезда на тимот. Јута е подотвена да слуша понуди за 28-годишниот крилен играч, но проблем може да претставува неговиот договор.
Имено, Маркенен кој оваа сезона настапи на само 47 натпревари поради повреди е под договор и за следните четири сезони со голема заработка од 195.8 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА