Поранешната НБА ѕвезда, Нејт Робинсон, трикратен победник на натпреварот во забивање, дебитираше во боксерскиот ринг, но веќе во втората рунда доживеа тежок нокаут.
Во една од предборбите за мечот меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс, Робинсон во новиот спорт се проба против Џејк Паул, јутјубер кој зад себе веќе има три борби противдруги интернет-ѕвезди, од кои една и професионална.
За разлика од него, кој во три претходни наврати покажа дека не е залутан во боксот, за Робинсон се виде дека не му е место во рингот. Паул двапати го рушеше уште во првата рунда, па потоа и во втората, а многумина мислат дека судијата мораше многу порано да ја прекине борбата.
Jake Paul vs. Nate Robinson He ded? #tysonjones #TysonJonesJr #tysonvsjones pic.twitter.com/W421DkgZHn
— ZombieProphet (@GIFsZP) November 29, 2020
Социјалните мрежи, на крај, го исмејуваа 36-годишниот Робинсон, посебно неговите поранешни колеги од НБА лигата, истакнувајќи дека после ова сите ќе сакаат да боксуваат со кошаркари. Го бранеше само неговиот противник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА