Јуве 60 минути спиеше, но потоа се разбуди Игуаин

Гонзало Игуаин е најзаслужен што Јувентус излезе како победник на тешкото гостување против Аталанта, постигнувајќи ги двата гола за „старата дама“ на дуелот во Бергамо. Јуве на овој меч остана без помошта на Кристијано Роналдо, одигра катастрофално се до примениот погодок, но потоа ја покажа својата класа и со одлични триесетина минути стигна до значајни три бода.

Аталанта можеше уште во првиот дел да дојде до водство, но домаќините не реализираа пенал преку Бароу. Истиот фудбалер успеа да се искупи во второто полувреме, кога одлично нафрли, по што Госенс непречен од никого лесно реализираше за водство на Аталанта со удар со глава на вториот дирек.

Сари го уфрли Коста на местото на Бентакур, по што Јувентус конечно по речиси 60 минути „спиење“ во Бергамо конечно се разбуди. Дибала пропушти убава шанса за израмнување, по што на сцена стапи Игуаин, кој со два гола ја донесе победата и трите бода. Конечните 1-3 во 92. минута од натпреварот ги постави Пауло Дибала.

 

Се вчитува...