Јуве бара наследник на Роналдо – во игра четири „ѕвезди“

Кристијано Роналдо се почесто гласно говори за своите планови за иднината, најавувајќи дека наскоро би можел да ја заврши кариерата. Португалецот не го гледа Јувентус како последен клуб во кариерата, би сакал уште најмалку еден предизвик пред да му каже збогум на фудбалот, па токму затоа и не размислува за продолжување на договорот што му истекува на крајот од сезонава.

За плановите на големиот ас е известен и првиот човек на Јуве, Андреа Ањели, кој веќе ја почнал потрагата по нова мегаѕвезда што ќе ја преземе лидерската улога во тимот од сезоната 2020/21. Според италијанските медиуми, во игра се четири врвни имиња, од кои еден голем ас би требало да биде наследникот на Кристијано во таборот на „старата дама“.

Јувентус и летово се поврзуваше со трансфер на Нејмар, но проблем беше фактот дека Бразилецот сака да се врати во Барселона. „Старата дама“ не се откажува и ќе испрати мегапонуда, па останува да се види дали овој фудбалер ќе остане доследен на сегашниот став. Ако одговорот на Нејмар остане негативен, погледите ќе се насочат кон Килијан Мбапе, за кого ќе биде подготвена понуда од 200 милиони евра.

Доколку и францускиот ас остане недостапен за трансфер, тогаш италијанскиот првак ќе се насочи кон Мохамед Салах од Ливерпул и Хари Кејн од Тотенхем.

Се вчитува...