Јуве е во нокдаун – Верона по 13 минути води со 2-0

Резултатската криза на Јувентус е на добар пат уште повеќе да се продлабочи откако „старата дама“ по само 13 минути игра има негатива од 2-0 на гостувањето против Верона.

Алваро Мората промаши стопроцентна шанса при резултат 0-0, кога од два метри со пета не успеа да ја смести топката во мрежата.

Казната стигна експресно на спротивната страна, и тоа преку Џовани Симоене, кој за помалку од пет минути двапати го совлада Шчесни и ја шокираше „старата дама“.

За потсетување, Јувентус во минатото коло загуби на домашен терен од Сасуоло, а со оглед на моментниот резултат на Јуве не му се пишува ништо подобро ниту вечерва во Верона.

Се вчитува...