Јуве го договори Киеза, но прво мора да најде пари

Јувентус ги финишираше преговорите со Федерико Киеза, постигнувајќи договор за петгодишна соработка со италијанскиот репрезентативец, кој би требало да биде најголемо засилување на „старата дама“ во овој преоден рок. Киеза ја прифатил понудата за петгодишен договор за плата од 4,5 милиони евра, а во завршна фаза се преговорите со Фиорентина, со понудата од 20 милиони евра за едногодишна позајмица и задолжителна клаузула за откуп следното лето за дополнителни 30 милиони евра.

Сега следи потешкиот дел од задачата, да се обезбедат финансиите за овој трансфер да биде реализиран до крајот на преодниот рок, што истекува на 5 октомври. Јувентус работеше со сериозна загуба во изминатиот период поради коронавирусот, па „старата дама“ ќе мора да продаде дел од фудбалерите за да обезбеди буџет за Киеза.

Кедира ќе добие зелено светло да си замине како слободен играч и да се ослободи дел од буџетот од плати, на излезна врата е и Де Шилјо, а во тек се и преговори за заминување на Ругани, кој има понуди од Калчо-лигата и од Премиер-лигата. Сепак, се чини дека клучно ќе биде да се најде купец за Далгас Коста, Бразилецот на кого Пирло не смета сериозно, а кој игра на иста позиција како и Киеза. Јуве без проблеми би требало да добие 20 милиони евра за крилниот офанзивец и да ја покрие позајмицата на Киеза, а понуди за овој фудбалер во изминатиот период најавија Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...