Пол Погба е решен да си замине од „Олд Трафорд“, Мино Раиола веќе откри дека Французинот се чувствува како дома во Јувентус, а челниците на „старата дама“ се подготвуваат да го вратат својот поранешен фудбалер назад во Торино.
Арон Рамзи е фудбалерот што ќе биде „мамец“ во преговорите за Погба. Велшкиот интернационалец не ги оправда очекувањата по доаѓањето од Арсенал. Бидејќи стигна како слободен играч, тој сега е еден од најплатените фудбалери на „старата дама“, a директорот Паратичи планира да заврши две работи, да се ослободи од неговата висока плата, истовремено и да го убеди Јунајтед на размена за Погба.
Секако, Јувентус би доплатил и сума од над 50 милиони евра, а Јунајтед би добил соодветно засилување на средниот ред, во фудбалер што „црвените ѓаволи“ самите го бараа додека играше во Арсенал. На Ед Вудворд се повеќе му станува јасно дека никој нема намера да му плати 150 милиони евра за овој фудбалер, згора на тоа цената на Французинот се намали поради неговите чести повреди, па интересно ќе биде да се види дали може да се договори летна размена – Рамзи и пари за Погба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА