Јуве изгоре во „пеколот“ во Рим

Рома славеше на дербито во „Серија А“ против Јувентус со 2-0, резултат со кој „римската волчица“ си ги задржа шансите во трката за место во ЛШ во следната сезона.

Гостите допатуваа преполовени поради бројните проблеми со повреди и суспензии, па одиграа далеку од посакуваниот ритам. Мечот мина во далеку побавно темпо од очекувањата, но Рома сепак стигна до цел плен благодарение на одличниот финиш. Един Џеко беше човекот на одлука, најпрвин асистирајќи до Флоренци за првиот гол на Рома во 79. минута, за голгетерот од БиХ во судиското продолжение самиот да ги постави конечните 2-0.

Тимот на Клаудио Раниери со вечерашниот триумф има 62 бода, исто колку и Милан на делба на петтото место. Четвртопласиран е Интер со 63 бода и меч помалку (против веќе испаднатиот Киево), а на третата позиција моментно се наоѓа Аталанта со 65 бода.

 

Се вчитува...