Јуве крева раце – Дибала ќе биде продаден

Андреа Пирло го извади максимумот од Алваро Мората, Кристијано Роналдо е стандардно извонреден, но очигледен проблем за Јувентус на стартот од сезонава станува Пауло Дибала. Аргентинецот беше незадоволен од малата минутажа, но синоќа доби шанса против Ференцварош и беше најслаб поединец на теренот додека тренерот не реши да го повлече од игра.

Челниците на Јувентус долго време планираа да го градат клубот околу Дибала, се преговараше за нов договор, но поради коронавирусот сега делува невозможно да се најде заеднички јазик. Аргентинецот бара над 11 милиони евра по сезона, а Јуве не само што не му ги дава, туку планира намалување на актуелните 7,5 милиони евра што ги зема Дибала.

„Не станува збор за Дибала и за недоволно ценење. Мора да се намалуваат трошоците, тоа е резултат на огромната криза од коронавирусот“, истакна неодамна директорот Паратичи.

Аргентинецот е втор најплатен фудбалер во клубот, веднаш зад Роналдо, но со игрите што ги покажува сезонава тој не го заслужува ваквиот статус. Паратичи веќе почнал да ги разгледува опциите за продажба и доколку пристигне интересна понуда во јануари, Дибала би можел веќе на стартот од 2021 година да си замине од Јуве.

Се вчитува...