Јуве му го краде на Ливерпул најдобриот фудбалер на Аталанта

Холандскиот играч за врска Теун Купмајнерс од италијанскиот фудбалски прволигаш Аталанта е се поблиску до преселба во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Купмајнерс е еден од најдобрите плејмејкери во Серија А оваа сезона и бројни клубови покажаа интерес за 26-годишниот Холанѓанец. Најгласнo се споменуваат Јувентус и Ливерпул. Италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ е малку пред „црвените“, бидејќи Купмајнерс наводно сака да остане во Италија.

Се наведува дека отштетата би можела да изнесува околу 60 милиони евра, а годишната плата на Купмајнерс околу 4,5 милиони евра. Холанѓанецот во клубот од Бергамо пристигна во 2021 година од АЗ Алкмар, а настапуваше и за вториот тим на Ајакс.

Оваа сезона, 26-годишниот играч од средниот ред постигна 12 гола со четири асистенции на 34 натпревари.

Се вчитува...