Јуве направи математика: Кој го сака Дибала, нека плати 160 милиони евра!

Италијанскиот првак Јувентус ја одреди цената за аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала, кој е во фокусот на повеќе европски клубови. Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и Манчестер јунајтед кројат сериозни планови за ангажман на Дибала, но ќе треба да платат 160 милиони евра, доколку сакаат да го видат во своите редови.

Тренерот Масимилијано Алегри на крајот од 2017 година го седна Дибала на клупата за резерви, барајќи од него да ја подобри физичката подготвеност, и тоа беше знак за другите клубови да „загризат“ посериозно за неговите услуги. Но, Дибала се врати со неколку гола, по што се повреди и ќе мора да паузира еден месец. Тој речиси сигурно ќе остане во Торино до крајот на сезоната, а потоа…кој ќе плати 160 милиони евра, тој и ќе го добие…

Се вчитува...