Јуве не игра убав фудбал со Сари, деби со гол на Рамзи

Навивачите на Јувентус го критикуваа Алегри бидејќи победувал без тимот да игра убав фудбал, но што сега да се каже за Маурицио Сари, откако „старата дама“ одигра уште еден потпросечен натпревар. Овојпат за разлика од ремито со Фиорентина тимот на Јуве успеа да слави со 2-1, но тоа беше дуел на домашен терен против слабата Верона на кој од актуелниот првак се очекуваше многу подобра игра.

Сари се реши да му даде шанса на Дибала, и тоа како „лажна деветка“, но Аргентинецот не одигра на посакуваното ниво. Добра вест е дебито на Рамзи, и тоа со гол со кој велшкиот ас донесе израмнување откако „веронезите“ први поведоа со прекрасниот погодок на Велосо.

На одмор се замина со израмнети 1-1, победата ја донесе Роналдо со пенал на самиот почеток од второто полувреме, но јасно е дека Јуве ќе мора да прикажува многу подобри игри ако сака да ги оствари зацртаните цели.

Се вчитува...