Јуве не ја дава титулата лесно… Дибала во 93. минута го шокираше Лацио!

Јувентус ја продолжува активно трката со Наполи за годинашната шампионска титула откако славеше со 0-1 со гол во 93. минута на гостувањето против Лацио на „Олимпико“ во Рим во 27. коло од Серија А.

Откако се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, кој друг ако не Пауло Дибала во 93. минута со убав погодок донесе триумф и значајни три бода.

По оваа победа Јувентус остана на втората позиција, но со 68 бода сега на само бод од водечкиот Наполи кој вечерва од 20:45 часот игра против Рома. Но, „Старата дама“ има и заостанат натпревар за играње. лацио со поразот остана на третото место со 52 бода.

Се вчитува...