Јуве плаќа 45 милиони евра, доаѓа „новиот Пирло“

Плејмејкерот на Бреша, Сандро Тонали, конечно е подготвен за мегатрансфер откако суперталентираниот играч за врска ги договори условите за преселба во Јувентус. Интер, Милан и Арсенал исто така испратија понуди до 19-годишниот фудбалер, кој го доби прекарот „новиот Пирло“ бидејќи со стилот на игра потсетува на поранешниот италијански репрезентативец.

Сепак, Тонали ги одби нивните понуди и реши кариерата да ја продолжи во Јувентус, прифаќајќи ја понудата за петгодишен договор со најтрофејниот италијански клуб. Бреша ќе заработи 45 милиони евра од продажбата на овој фудбалер.

Тонали се уште е тинејџер, но веќе има одиграно 67 средби за Бреша, постигнувајќи шест гола и 11 асистенции.

Се вчитува...