Јуве победува и без Роналдо, Пјаниќ донесе триумф во Бреша

Јувентус прокнижи нови бодови на калчолигашката табела по триумфот што актуелниот првак го извојува на гостувањето против Бреша (1-2). И без помошта на повредениот Кристијано Роналдо екипата на Маурицио Сари го најде патот до победата, и тоа откако противникот прв дојде во водство.

Бреша поведе на самиот почеток, Донарума со силен удар од десетина метри го изненади Шчешни, кој не успеа да интервенира и топката заврши во неговата мрежа. Јувентус тргна во офанзива, тешко создаваше шанси, но успеа да израмни пред самиот крај на полувремето, со автоголот на Чанселор по корнерот на Дибала.

Второто полувреме донесе и комплетирање на пресвртот, Пјаниќ беше стрелец на победничкиот гол, откако со силен удар го матираше домашниот голман по една одбиена топка, по слободниот удар што го изведе Дибала.

Се вчитува...