Јуве потврди: Сари во „аут“ против Парма и Наполи

Маурицио Сари дефинитивно ќе го пропушти стартот на сезоната во „Серија А“, откако беше обелоденето дека новиот тренер на Јувентус се уште се нема излечено од пневмонијата. Пред два дена беше обелоденето дека болеста на стратегот на „старата дама“ воопшто не е наивна, а Јуве денеска преку клупско соопштение потврди дека Сари нема да биде на клупата во првото коло против Парма, но и во дербито на втората рунда против неговиот поранешен клуб Наполи.

„Врз Маурицио Сари денеска беа извршени дополнителни медицински тестови, кои покажаа значаен напредок. Сепак, за да може целосно да се рехабилитира од пневмонијата, нашиот тренер нема да седи на клупата на првите средби со Парма и со Наполи. Тренерот во меѓувреме ќе ја координира работата со својот стручен штаб“ – објави Јувентус.

Се вчитува...