Јуве прави простор за Донарума – си одат и Шчешни и Буфон

Јувентус е подготвен да го ангажира Џанлуиџи Донарума од Милан и да го реши голманското прашање во тимот за еден подолг период. Преговорите веќе се наоѓаат во завршна фаза, а „старата дама“ се согласила да му даде на Донарума повеќегодишен договор за плата од десет милиони евра, но и да ја покрие богатата менаџерска провизија на Мино Раиола.

За возврат, Раиола ќе треба да му помогна на Ањели во продажбата на Шчешни. Полскиот репрезентативец се наоѓа во добра форма и не би требало да има проблеми да најде нов клуб, но Јуве сака продажбата да биде финиширана до почетокот на ЕВРО 2020. Воедно, „старата дама“ ќе бара скромни 15 милиони евра за Полјакот, се со цел трансферот да биде забрзан.

Покрај Шчешни, Јувентус ќе остане и без Џанлуиџи Буфон откако искусниот голман ја одбил понудата за директорска функција во клубот. Буфон е решен да игра уште најмалку една сезона, веќе има на маса неколку понуди од кои најинтересна делува онаа од Аталанта.

Се вчитува...