Јуве рутински го доби Спал

Италијанскиот првак Јувентус ја оствари петтата победа во новата сезона во Серија А и со 16 бода по шест кола се искачи на првата позиција на табелата, со бод повеќе од Интер, кој во ова коло и гостува на Сампдорија. „Старата дама“ славеше со 2-0 на домашен терен против Спал.

Првиот погодок беше дело на Миралем Пјаниќ во последните мигови од првиот дел. Тој со фантастичен удар од 20 метри го совлада гостинскиот голман Бериша. Потоа работата ја дозаврши Кристијано Роналдо, кој со удар со глава ја затресе мрежата во 78.минута.

На голот на Јувентус беше легендарниот Џанлуиџи Буфон кој го надмина рекордот на Паоло Малдини откако по 903 пат настапи во меч од италијанскиот фудбалски шампионат.

Се вчитува...