Јуве се ослободи од Ругани, следен е Коста

Управата на Јувентус успеа да се ослободи од Даниеле Ругани, договаарајќи едногодишна позајмица на овој фудбалер во францускиот прволигаш Рен. Ругани пристигна во Јуве како голема надеж на италијанскиот фудбал, но никогаш не го оправда тој епитетот, не успевајќи да се наметне како стандарден првотимец кај неколкуте тренери што се сменија во Јуве во изминатите години.

Интерес за неговите услуги покажаа неколку калчолигаши, но тојна крајот реши да си замине од Апенинскиот полуостров, прифаќајќи ја понудата на Рен. Станува збор за екипа што одлично ја стартуваше сезоната во Франција, згора на тоа ќе учествува и во Лигата на Шампионите, што сигурно беше една од причините што Ругани го избра токму Рен за свсоја следнаа дестинација во кариерата.

Јувентус ќе заработи 1,5 милиони евра од позајмицата на дефанзивецот, а „старата дама“ ќе се обиде следен да го продаде Даглас Коста, уште еден фудбалер на чии услуги Пирло не смета сериозно. Вулверхемптон беше најсериозен тим за услугите на Коста, но Бразилецот ја одби оваа понуда со образложение дека ако веќе си заминува од Јуве, сака тоа да биде во клуб со поголеми амбиции од „волците“.

Се вчитува...