Јуве се збогува од Алегри: Скандирањето почна во 5. минута – за петте освоени титули

Масимилијано Алегри вечерва го води последниот натпревар како тренер на Јувентус на „Алијанц арена“ во Торино, а навивачите на „старата дама“ знаат како да му се заблагодарат на трофејниот стратег за прекрасните моменти минати заедно.

Симболично – прославата почна во 5. минута – во знакот на бројот на шампионски титули што Алегри ги освои во петте сезони минати како тренер на најтрофејниот италијански клуб.

„Горд човек, победнички тренер. Пет години слава во кои ти ја пишуваше приказната. Ти благодариме Макс Алегри“ – пишуваше на еден од транспарантите што во петтата минута се развиорија на трибините на „Алијанц арена“.

Се вчитува...