Јуве со два услови за Бонучи – јавно извинување и помала плата

Леонардо Бонучи преполн со оптимизам пред една година го напушти Јувентус за да стане предводник на новиот проект на Милан. Дванаесет месеци подоцна, дефанзивецот е свесен дека направил голема грешка, па иако постои и интерес од ПСЖ и од Манчестер јунајтед тој сака да се врати назад во таборот на најтрофејниот италијански клуб. Проблем е што во Јувентус не го забораваат предавството, па би го вратиле Бонучи назад само под два услови кои веќе му биле соопштение на неговиот агент.

Бонучи имаше некоректни изјави при заминувањето, како и несоодветно однесување по постигнувањето на голот за Милан на гостувањето во Торино. Ако сака да се врати, подготвени сме да разговараме, но најпрвин ќе треба да стори две работи – јавно да им се извини на нашите навивачи и да се согласи на помала плата“ – гласи ставот на „старата дама“ што го пренесоа неколку италијански медиуми.

Иако постоеја најави дека Милан планира да го вклучи Бонучи во понудата за Гонзало Игуаин, челниците на Јувентус воопшто не сакаат да разговараат на ваква тема. Аргентинскиот голгетер вреди 60 милиони евра и ќе биде продаден без директна размена за играч, а доколку Милан сака размена за Бонучи, „старата дама“ е подготвена да разговара за на „Сан Сиро“ да го испрати младиот Калдара.

Се вчитува...