Јуве тргнува по мексиканскиот херој

Ирвинг Лозано одигра извонреден натпревар за Мексико на отворањето од СП, постигнувајќи го голот за голема победа над светскиот првак Германија. Брзоногиот офанзивец и претходно важеше за еден од најперспективните фудбалери кои настапуваат во Европа, но по одличниот настап против Германија сега за него интерес покажаа и неколку врвни клубови ширум „стариот континент“.

Јувентус е клубот што покажува најсериозен интерес за услугите на Лозано, преку директорот Павел Недвед веќе стапувајќи во контакт со неговиот клуб ПСВ Ајндховен. Како што јавува мексиканскиот весник „Рекорд“, подготвена е и понуда од почетни 35 милиони евра, плус неколку клаузули, со која италијанскиот првак го заинтересирал холандскиот тим на конкретни разговори. По завршувањето на СП ќе се почнат разговори и со самиот фудбалер, кој не сака да разговара за трансфер бидејќи е максимално фокусиран на настапите за својата репрезентација на СП 2018.

Јувентус дефинитивно планира промени во навалната линија за наредната сезона, се најавува заминување на Гонзало Игуаин, a на негово место би требало да пристигне Алваро Мората од Челси.

Се вчитува...