Јуве во супер-засилување: Договорен најдобриот голман во Калчо-лигата

Јувентус го повлече првиот конкретен чекор на пазарот откако „старата дама“ го договори трансферот на Микеле ди Грегорио, кој бранеше во одлична форма во дресот на Монца.

Впрочем, Ди Грегорио беше избран за најдобар голман во италијанскиот шампионат во изборот на Серија А што беше објавен вчера, што е најдобра можна потврда за квалитетот и потенцијалот на овој 26-годишен чувар на мрежата. За неговите услуги се интересираа уште неколку клубови ширум Европа, но Јувентус договори трансферот да изнесува 18 милиони евра, плус два милиони што се „врзани“ со исполнување на неколку клаузули.

Ди Грегорио е „дете“ на Интер, новиот италијански првак го продаде пред неколку години во Монца, а според тој договор „нероаѕурите“ ќе добијат и 10% од трансферот, конкретно 1,8 милиони евра од овој трансфер на Јувентус.

Доаѓањето на Ди Грегорио речиси сигурно ќе значи и заминување на Шчесни, досегашниот прв голман упорно одбива да потпише нов договор за помала плата, а ако се знае дека актуелниот договор му истекува во јуни 2025 јасно е дека Јуве ќе стори се за летово да го продаде и да заработи барем нешто од полскиот ветеран.

Се вчитува...