Јуве во второто полувреме го скрши отпорот на Емполи

Јувентус активно го продолжува патот кон новата шампионска титула во Серија А, славејќи во 26. коло на домашен терен против Емполи со 2-0.

„Старата дама“ во второто полувреме го скрши отпорот на гостите, кои во првиот дел успешно се бранеа. Но, во 52. минута со автоголот на Скорупски, Јувентус дојде до предност од 1-0, а во 65. минута Алекс Сандро ги постави конечните 2-0.

All Goals & highlights HD – Juventus 2-0 Empoli… by Live1Goals

Тимот од Торино сега има 66 бода, десет повеќе од второпласираната Рома која утре гостува на Интер во рамките на ова коло, а 12 бода повеќе од третопласираниот Наполи.

Се вчитува...