Јуве знае и кој ќе го наследи Роналдо…

Италијанскиот првак Јувентус доминира и оваа сезона во Серија А, а веќе ги планира и следните трансфери кои треба тимот да го направат уште посилен. Клубот од Торино веќе го знае и наследникот на Кристијано Роналдо. Фантастичниот Португалец има 33 години и иако има четиригодишен договор, во Јуве размислуваат за напаѓачот кој би пристигнал во Торино да го наследи во наредниот период.

Претседателот Андреа Ањели смета дека Килијан Мбапе, младата ѕвезда на европскиот фудбал и член на Пари Сен Жермен, е идеалниот наследник на Роналдо. Како што информира „Л’Екип“, Јувентус сака да го искористи притисокот што го чувствува ПСЖ поради финансискиот фер-плеј, и да го купи Мбапе по завршувањето на оваа сезона.

„Јувентус ја следи ситуацијата во Париз. Тоа е многу комплексна операција, но не е и невозожна. Ние сакаме да го имаме и наследникот на Роналдо“, изјави Ањели.

Се вчитува...