Јувентус бара инвеститори кои ќе вложат 250 милиони евра за да ги покријат загубите

Управата на Јувентус е во порага по инвеститори кои во тимот од Торино би вложиле 250 милиони евра.

Според соопштението на „старата дама“, управата ќе бара од акционерите во Јувентус да одобрат зголемување на капиталот до 250 милиони евра бидејќи клубот повторно ќе има загуби во оваа фискална година.

Акционерите би требало да го овластат управниот одбор на Јувентус до крајот на годинава да спрведе издавање на акции во една или повеќе транши.

Компанијата Ексор која поседува 65 отсто од акциите на Јувентус, моментно ќе вложи 60 милиони евра.

Управата објави дека оваа година минусот ќе изнесува 66 милиони евра, што е за осум милиони евра повеќе од минатата 2025 година. Како главна причина за загубите се наведува дека е неиграњето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...