Масимилијано Алегри второ лето по ред ја добива довербата на управата на Јувентус за да остане на клупата на „старата дама“, но и да направи неколку промени во играчкиот кадар на најтрофејниот италијански клуб. Тој лани ја доби битката за „власт над тимот“ и го продаде Леонардо Бонучи, а летово на „дневен ред“ дојде Гонзало Игуаин. Како што јавуваат италијанските медиуми, Алегри не е најзадоволен од залагањето на аргентинскиот голгетер и би сакал да го продаде и да отвори место во стартниот тим за Алваро Мората.
Рано утрово се појавија шпекулации дека „Пипита“ би можел да биде понуден на Интер заедно со 50 милиони евра за да се добие Мауро Икарди, но веднаш реагираа навивачите на „нероаѕурите“, кои јасно ставија до знаење дека се подготвени на тотален бојкот ако клубот го продаде најдобриот фудбалер на најлутиот ривал.
Како опција се споменува и Челси, со оглед на фактот дека „сините“ го продаваат Мората и се наоѓаат во потрага по нов голгетер, а доколку Гризман си замине тогаш во трката ќе се вклучи и Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА