Јувентус бара попуст за Коло Муани

Јувентус ја продолжува потрагата по нов голгетер, а на врвот на листата со желби на „старата дама“ е добро познато име, Коло Муани од ПСЖ.

Францускиот напаѓач пред две сезони мина шест месеци во Јувентус и делуваше одлично, но Јуве по долги преговори со францускиот тим не успеа да се договори тој минатата сезона да го продолжи престојот меѓу „црно-белите“. Наместо тоа Французинот пред самиот крај на преодниот рок се пресели во Тотенхем, но таму не се снајде најдобро,  па новиот тренер Де Зерби без размислување реши да не ја активира клаузулата за откуп, по што голгетерот се врати назад во Париз.

Луис Енрике не смета на неговите услуги, а Јувентус повторно покажа сериозен интерес и пред неколку дена почна и официјални преговори за овој трансфер.

„Светците“ ја спуштија цената во однос на лани и сега бараат 35 милиони евра (лани сумата беше 45 милиони), но во Јуве не се подготвени да ја платат оваа отштета. Како што инфорираат од Италија, „старата дама“ побарала попуст и трансфер под 30  милиони евра, или евентуално позајмица со клаузула за задолжителен откуп наредното лето.

Останува да се види како ќе завршат овие преговори, но едно е јасно – Јуве мора да купи најмалку еден нов напаѓач откако и Душан Влаховиќ го напушти најтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...