Јувентус без Алекс Сандро до ноември

Искусниот дефанзивец на Јувентус, Алекс Сандро нема да биде на располагање на екипата во следниот месец и пол. Според првите прогнози, левиот бек би требало да се врати на терените на почетокот на ноември.

Од клубот соопштија дека за 15 дена играчот ќе биде подложен на нов преглед, по што и официјално ќе се знае колку ќе биде паузата на играчот на „бјанконерите“.

Сандро играше на два од четирите натпревари досега во новата сезона во Серија „А“.

Се вчитува...