Јувентус ќе биде значително ослабен за утрешниот реванш од полуфиналето во Купот на Италија, во кој „старата дама“ ќе ја пречека Аталанта. Актуелниот шампион ќе влезе во натпреварот со предност од 1-0 обезбедена на гостински терен во Бергамо, но тренерот Алегри нема да може да смета на стрелецот на единствениот гол од таа средба, Гонзало Игуаин.
Аргентинецот се уште се мачи со повредата заработена на градското дерби со Торино, па иако делуваше близу до камбек на терените стручниот штаб сепак реши да не ризикува со негов настап против Аталанта. Целта е јасна, да не се ризикува со евентуално обновување на повредата во пресрет на реваншот од ЛШ против Тотенхем.
Покрај Игуаин, Јувентус ќе биде и без помошта на Квадрадо, Де Шилјо, Бернардески и Бентанкур, а добра вест за Алегри е што по повредата во тимот се враќа Блес Матуиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА