Нападот на Јувентус ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против Аталанта откако д комбинација за настап во Бергамо отпаднаа Душан Влаховиќ и Аркадиуш Милик.
Влаховиќ е прва опција во нападот крај Киеза, Милик како негова прва резерва конечно доби можност да стартува и го постигна победничкиот гол против Лече, но двајцата фудбалери се повредени и нема да можат да настапат на мечот со Аталанта.
„Влаховиќ се чувствува подобро, но болката во грбот не е нешто со што треба да ризикуваме. Тој нема да игра во Бергамо, исто како и Милик, кој го повреди мускулот со Лече. Стартер ќе биде Кеан, кој ги надмина своите проблеми со повредата“, изјави тренерот Алегри.
Со повреди се соочува и тимот на Аталанта, каде ќе недостига најдобриот напаѓач Скамака, а неизвесен е и настапот на Де Кетеларе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА