Јувентус без Влаховиќ против Спортинг

Душан Влаховиќ поради повреда нема да може да се стави на располагање на Јувентус за првиот 1/4 финален натпревар во Лигата на Европа против Спортинг Лисабон. Србинот не се ставил на располагање на денешниот тренинг, а според информациите ќе мора да паузира неколку дена.

Оваа сезона Влаховиќ нема среќа со повредите, и ова за него ќе биде 12-ти пропуштен натпревар поради повреда. Станува збор за повреда на зглобот на дуелот со Лацио, кој неговиот тим го загуби со 2-1.

Влаховиќ и онака трпи критики од италијанската јавност поради слабата форма сезонава. Се шпекулира дека на крајот од сезоната би можел да го напушти Торино, и да се пресели во Англија или во Германија, во таборот на Баерн Минхен.

Се вчитува...