Јувентус дава 100 милиони евра за Сергеј Милинковиќ – Савиќ?

Италијанскиот првак Јувентус ја започна мисијата за мегатрансфер на српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ – Савиќ, открива „Тутоспорт“. Првичните преговори се веќе започнати, а доколку завршат успешно, тогаш Србинот во летниот преоден рок треба да го облече дресот на „старата дама“.

Лацио бара 100 милиони евра отштета за продажба на својот најдобар фудбалер, а низ историјата Јувентус многу ретко се решавал да плати толку многу пари за еден фудбалер. Но, можеби стратегијата е веќе променета, со оглед дека пред една и пол сезона, Гонзало Игуаин пристигна за сума од 90 милиони евра.

„Не размислувам за трансфер, туку за можноста со тимот на Лацио да обезбедиме пласман во Лигата на шампионите следната сезона“, изјави Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Се вчитува...