Јувентус до врв ја наполни мрежата на Сасуоло

Италијанскиот првак Јувентус одигра феноменален натпревар против Сасуоло и до врв ја наполни мрежата на противникот победувајќи со убедливи 7-0. Уште по првиот дел победникот беше познат, со оглед дека „старата дама“ постигна четири гола. Алекс Сандро ја отвори серијата, потоа следеа два гола на Сами Кедира, а во листата на стрелците се запиша и Миралем Пјаниќ. Во второто полувреме Гонзало Игуаин постигна хет – трик, за конечни 7-0.

Милан имаше водство од 0-1 со одличниот гол на Сусо на гости против Удинезе, но во вториот дел му се случија многу малери. Црвен картон заработи Давиде Калабрија во 68.минута, а осум минути подоцна Џанлуиџи Донарума со несмасна интервенција си постигна автогол за 1-1.

Фиорентина славеше гостинска победа против Болоња (1-2), со головите на Верето и на Киеза.

Резултати Италија: Аталанта – Киево 1-0, Болоња – Фиорентина 1-2, Калјари – Спал 2-0, Јувентус –  Сасуоло 7-0, Удинезе – Милан 1-1.

Се вчитува...