Јувентус доведе талентиран американски фудбалер (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Јувентус го доведе американскиот талент Вестон Меккини. Меккини доаѓа од редовите на Шалке 04 каде беше член од 2017 година.

„Старата дама“ на тимот од Гелзенкирхен за услугите на 22-годишниот Американец му плати 20 милиони евра. Сепак, тој на „Алијанц арената“ во Торино дебито ќе го има во 2021 година ,бидејќи и следната сезона ќе остане член на Бундеслигашот каде ќе биде на позајмица.

 

Се вчитува...