Јувентус е загреан за „бисерот“ на Рома

Николо Заниоло во текот на сезонава изјави дека сака да ги следи стапките на Франческо Тоти и да стане идол на фановите на Рома, но Јувентус не се откажува така лесно од намерата да го доведе новиот бисер на италијанскиот фудбал во своите редови. Директорите на „старата дама“ моментно се насочени кон именување на новиот тренер, но веднаш потоа ќе ги интензивираат преговорите за трансферот на Заниоло.

Адут во преговорите се очекува да биде Гонзало Игуаин, кој ќе биде понуден во Рома во директна замена за младиот ас на Рома. Сари би сакал да го има Игуаин во тимот, но нема да успее да го задржи поради стриктниот клупски став – Аргентинецот да биде продаден. Од друга страна, Рома го продава Един Џеко во текот на летниот преоден рок, а не успева да најде адекватна замена за босанскиот голгетер.

Нема сомнеж дека Игуаин би бил добредојден на „Олимпико“, но прашањето е дали Рома е подготвена да го жртвува Заниоло за да го обезбеди потписот на голгетер кој веќе го надмина зенитот во својата кариера.

Се вчитува...