Јувентус е заинтересиран за Маркус Рашфорд

Од Јувентус уште претходно го пикирале Маркус Рашфорд, а тој дополнително оставил добар впечаток на двата дуела од групната фаза меѓу Манчестер Јунајтед и италијанскиот клуб.

Затоа Јувентус побарал неговите скути да направат досие за 21-годиниот англиски репрезентативец како потенцијално засилување во догледен период.

Јувентус дури и правел истраги за потеклото и карактерот на Рашфорд. Младиот Англичанец е под договор со Јунајтед до 2020 година, а тимот од „Олд Трафорд“ ќе се обиде да ја искористи опцијата за едногодишно продолжување на соработката.

 

Се вчитува...