Јувентус го бара Давид Луиз, како дел од трансферот на Ругани во Челси

Италијанскиот првак Јувентус нема да дозволи Даниеле Ругани така лесно да си замине од Торино. Дефанзивецот е голема желба на новиот менаџер на Челси, Маурицио Сари, но исто така сака да го задржи и Масимилијано Алегри. Во краен случај, раководството на Јувентус сака да го вклучи Давид Луиз, бразилскиот интернационалец, во оваа зделка.

Според италијанските медиуми, шампионот на Италија е подготвен да го продаде Ругани, но доколку за возврат го добие Давид Луиз, и дополнителни парични средства.

Во исто време, се водат преговори Јувентус – Челси и за трансферот на Гонзало Игуаин. Наводно, падна договор за продажба за сума од 53 милиони фунти, а разделбата на Аргентинецот треба да се очекува во текот на наредната седмица.

Се вчитува...