Јувентус го договори новиот тренер

Откако стана јасно дека Масимилијано Алегри по крајот на сезоната заминува од вториот мандат на клупата на Јувентус, сосема е извесно кој ќе биде неговиот наследник на клупата на „Старата дама“. Извесно е дека Тиаго Мота, сегашниот тренер на Болоња седнува на гигантот од Торино.

Тиаго Мота направи одлична работа со Болоња, кој го пласираше во Лигата на шампионите следната сезона. Според добро упатениот човек за трансфери Фабрицио Романо, Мота веќе постигнал договор со Јувентус, и наскоро ќе го обелодени тоа и на челниците на Болоња.

За Мота беше заинтересиран и тимот на Милан, но „росонерите“ веројатно ќе се свртат кон Пауло Фонсека како заменик на Стефано Пиоли, кој исто така најверојатно ќе си замине од клупата на Милан.

Се вчитува...