Јувентус го договори трансферот на Демирал

Италијанскиот првак Јувентус ги договори сите детали за ангажман на турскиот интернационалец Мерих Демирал. Одбранбениот фудбалер на Сасуоло во наредните денови и официјално ќе потпише договор со „старата дама“ за сума од 15 милиони евра.

Демирал треба да ја засили конкуренцијата во дефанзивниот ред на Јувентус и да биде поддршка за искусните Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи. Најголемото засилување за одбраната се очекува да биде Матијс де Лихт, ѕвездата на Ајакс.

Италијанскиот шампион го купи и Кристијан Ромеро од Џенова, но тој уште една година ќе биде позајмен во тимот чиј член е Горан Пандев.

 

Се вчитува...