Јувентус го „избриша“ Погба од тимот

Пол Погба не се најде на списокот на играчи за вечерашниот натпревар на Јувентус во Фрајбург од осминафиналето во Лига Европа. Причината за тоа е казна за доцнењето на вчерашниот тренинг, пренесува Фабрицио Романо.

Сега 29-годишникот направи камбек во Јувентус како слободен играч пред сезоната, но настапи само на последните два натпревари откако се врати од тешка повреда. Раководството на „старата дама“ не е задоволна од Французинот и неговиот однос па нема да биде изненадување доколку повторно замине од тимот во летниот трансфер рок.

Се вчитува...