Јувентус го купува Локатели од Милан?

Италијанскиот првак Јувентус е сериозно заинтересиран за ангажман на младиот и талентиран играч за врска на Милан, Мануел Локатели. Тој игра малку оваа сезона во дресот на „росонерите“, но блесна токму на натпревар против „старата дама“ кога постигна одличен погодок минатата сезона. Очигледно дека раководството на Јуве тоа не го заборави, и го следи младиот креативец на Милан.

Трансферните релации меѓу двата клуба се интензивираа ова лето, Леонардо Бонучи замина од Јувентус во Милан, а во спротивен правец отиде Матија Де Шилјо. Локатели би можел да биде следниот што ќе се пресели во Торино, и тоа за сума од 20 милиони евра.

Се вчитува...