Рускиот репрезентативец Александар Головин е на чекор до трансфер во италијанскиот калчолигаш Јувентус, и тоа пред самиот почеток на Светското првенство. Преговорите со ЦСКА Москва се во финална фаза, а „старата дама“ е подготвена да понуда 18 милиони евра. Сепак, рускиот клуб сака сума од 25 милиони евра за својот најдобар фудбалер.
За Головин постои интерес и од други европски клубови. Арсенал, Челси и Борусија Дортмунд, исто така се во трка за одличниот 22-годишен фудбалер на ЦСКА Москва. Јувентус сака да го заокружи трансферот пред почетокот на Мундијалот, затоа што потоа цената на Голонин може и значително да се зголеми, доколку остави добар впечаток на натпреварите од Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА