Италијанскиот калчолигаш Јувентус е подготвен да го понуди босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ на Барселона за да го доведе Бразилецот Артур во Торино. Тренерот Маурицио Сари е голем фан на играта на Артур, а раководството на „старата дама“ сака да реагира и брзо да го доведе во своите редови „пред носот“ на Интер, кој исто така прави планови за негов ангажман во Серија А.
Антонио Конте се надева дека Артур ќе биде првиот дел од пакетот за Интер доколку Барселона сака да го купи аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез.
Сепак, на „Камп Ноу“ размислуваат и за други фудбалери од Јувентус кои би дошле при евентуалното заминување на Артур. Пјаниќ веќе има 30 години и пред него се само уште две или три сезони европски фудбал на врвно ниво, а Кике Сетиен и раководството на Барселона размислуваат за Родриго Бентанкур (22), Матијс де Лихт (20) или Матија де Шилјо (27).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА