Јувентус го праќа Рабио во Премиер-лигата

Малку време требаше да мине за Јувентус да го загуби трпението со Адриен Рабио. Францускиот ас пристигна како слободен играч од ПСЖ за огромна плата од над девет милиони евра по сезона, но воопшто не ги оправда очекувањата на „старата дама“.

Покрај со изданијата на теренот, Рабио ги фрустрира тренерот и соиграчите и со односот за време на тренинзите, па Сари веќе дал зелено светло за овој фудбалер да си замине веќе во јануарскиот преоден рок. И самиот играч е незадоволен од статусот и сака да ги промени клупските бои, а Јувентус има план – да го испрати Рабио во Тотенхем како дел од трансферот на Кристијан Ериксен.

Данецот ќе биде најпосакуван фудбалер во преодниот рок, понуди подготвуваат Баерн Минхен и Реал Мадрид, а Јуве се надева дека токму Рабио ќе биде „џокерот“ во преговорите со што Тотенхем би дал зелено светло за Ериксен кариерата да ја продолжи токму во таборот на италијанскиот првак.

Се вчитува...