Јувентус го продава Манџукиќ, па ќе купи „трио“ од Манчестер јунајтед

Марио Манџукиќ и Емре Џан, две отпишани ѕвезди, очекувано се шокирани откако Јувентус не ги пријави за Лигата на шампионите.

Веќе е јасно дека Јувентус ќе ги продава на почетокот од зимскиот преоден рок, а желба на Сари е потоа да тргне во офанзива за доведување на трио од Манчестер јунајтед. Давид де Хеа не потпишува нов договор со Јунајтед и би бил достапен за трансфер, исто како и дефанзивецот Баи и екс-капитенот Немања Матиќ. „Старата дама“ важи за најдобар клуб во светот кога станува збор за договарање на слободни трансфери на фудбалери, а директорот Паратичи сега ќе се обиде да „пазари“ најмалку двајца од овие тројца фудбалери на Јунајтед.

Според пишувањето на „Газета дело спорт“, Манџукиќ и покрај разговорите за трансфер во ПСЖ или Манчестер јунајтед, сепак најблиску е до преселба во Кина. Хрватот засега одбива можност за трансфер во кинески клуб, но јасно е дека со 35 години нема да има многу избор.

Се вчитува...