Јувентус го продава Марио Манџукиќ

Не беше толку одамна кога Масимилијано Алегри го посочуваше Марио Манџукиќ како најважен фудбалер во својот тим. Сепак, ситуацијата се промени, неколкуте повреди го исфрлија „Супер Марио“ од стартните единаесетмина, а по враќањето на терените Хрватот делува предалеку од посакуваната форма. Ситуацијата е целосно променета, па сега „старата дама“ се подготвува за продажба на овој офанзивен фудбалер, доколку добие интересна понуда за негово заминување во текот на летниот преоден рок.

Неколку кинески клубови минатото лето испратија богати понуди, но Манџукиќ тогаш одби огромна плата за да остане на Апенинскиот полуостров. Сепак, сега ситуацијата е променета откако тој се почесто го губи првотимскиот статус од Даглас Коста, а и раководството на Јувентус сериозно ја разгледува опцијата за негово заминување.

Бешикташ и Галатасарај најавуваат понуди, исто како и клубови од Кина, така што пред Хрватот е тешка одлука.

Се вчитува...