Јувентус го сака Погба во јануари, нуди пари и фудбалер

Јувентус се активира на фудбалската берза на почетокот од новата година, па по обезбедениот потпис на Кулушевски за летниот преоден рок, сега „старата дама“ се враќа кон својата „стара љубов“ – Пол Погба. Францускиот ас не крие дека е несреќен во Манчестер Јунајтед, неговиот агент Мино Раиола влезе во отворена војна со „црвените ѓаволи“, а Јувентус планира да го искористи тоа за веќе во јануари да го врати Погба назад во Торино.

Подготвена е и официјална понуда, во висина од 70 милиони евра плус Рабио, за која ќе се очекува одговор од „црвените ѓаволи“ во наредните седум дена. Рабио не се снајде најдобро во Јувентус, па ексфудбалерот на ПСЖ сака експресно да си замине. Јуве го има проценето на 30 милиони евра фудалерот што го доведе без никаква отштета, па Рабио сега ќе биде искористен како „мамец“ во преговорите со Јунајтед.

На англискиот клуб веќе му стана јасно дека нема шанси да добие 150 милиони за фудбалерот што станува сериозен проблем за атмосферата во екипата, па интересно ќе биде да се види каков ќе биде одговорот до Јуве. Солскјер досега изјавуваше дека Погба нема да биде продаден во јануари, но по последната повреда и новата операција (се најавува пауза до крајот на месецов) можно е стратегот на „ѓаволите“ да го промени својот став.

Се вчитува...